Министерот за правда, заедно со вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Тупанчевски, во изјава за „Фокус“ вели дека во Италија бил на свој трошок.

Секако дека на свој тошок бев во Италија – изјавил министерот, по слетувањето во Скопје.

Тој беше прозван во јавноста, откако беше забележан како заедно со Фетаи и Нанев, го следеше бараж натпреварот меѓу Македонија и Италија.

Денес реагираа и од Антикорупциската комисија, од каде порачаа министерот, обвинителката и судијата да соопштат кој им ги подмирил трошоците за патувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.