Доскорешниот министер за правда, универзитетскиот професор Никола Тупанчески заминува на дипломатска мисија во Србија. Неофицијално, тој ќе биде новиот македонски амбасадор во Белград.
Според информациите Тупанчески е само едно од новите имиња во дипломатијата. Поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски треба да замине за Букурешт, а директорот на државниот архив, Емил Крстески, е номиниран за амбасадор во Прага.
На листата се наоѓаат и неколку дипломати од кариера, кадар на мнр. Пајо Авировиќ треба да биде амбасадор во мисијата во ОБСЕ во Виена, Јасмин Ќахил во Варшава, а Игор Попов во Бразил.
За Стокхолм е номиниран Џенк Сејфула, Јакуп Реџепи за Сараево, Шпенд Садики за Тел авив, а Катерина Ставревска за Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.