Министерот за правда Никола Тупанчески денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Република Хрватска, при што ќе оствари билатерална средба со министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица.

Како што соопштија од Министерството за правда, целта на посетата е продлабочување на меѓусебната соработка во областа на правдата и евроинтегративните процеси.

Двајцата министри ќе се обратат и на Загрепско-скопскиот колоквиум, кој ќе се одржи на Правниот  факултет во Загреб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.