Министерот за правда Никола Тупанчески вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека на натпреватот Македонија – Италија во Палермо бил поканет од страна на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ).

Тој вели дека фактурата за аранжман е навремето платена.

„На покана на ФФМ јас присуствував на натпреварот, но тоа што се нарекува аранжман подготвен и фактура испратена од Агенцијата која го организираше патувањето е платено во временскиот рок кој е предвиден во фактурата“, вели Тупанчески.

Тој додаде дека му пречи кога мора да комуницираат со медиумите за да ги покажат сметките.

„Значи има институции кој што може во секој момент тоа да го проверат, и го проверија“, вели Тупанчески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.