Министерот за правда Никола Тупанчески најави дека во текот на денешниот ден, најдоцна утре на Електронскиот национален регистар на прописи – ЕНЕР ќе биде прикачена драфт верзијата на Кривичниот законик.

Тој појасни оти станува збор за еден од позначајните законски текстови и акти.

Решивме концепциски тоа да биде на линија или согласно стратегијата за реформа на правосудниот сектор, да не се оди сегментарно во измените на Кривичниот законик, туку напротив, да се донесе комплетно нов Кривичен законик, кој ќе ги опфати сите сегменти на општественото живеење во државата – појасни Тупанчески.

Тој додаде дека била формирана помала група, прво во септември 2019 година, а потоа уште една во декември 2020 година, којашто, според него работела интензивно во изработка на Кривичниот законик.

Покрај претставници од Министерството за правда, во рамки на групата со околу 40 членови учествувале и претставници од акамедската заедница, професори, претставници од невладиниот сектор, претставници од Јавното обвинителство, судството, МВР и сите засегнати страни кои можат да дадат придонес во однос на подготовката на новиот Кривичен законик. Тупанчески посочи дека и меѓународниот фактор има значаен импакт во изработката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.