Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше на терен со граѓаните на Кисела Вода, Желино, Тетово, Врапчиште, Гостивар и Маврово –Ростуше.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска со граѓаните на Желино беше Оливер Спасовски.

-Имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат, од нас зависи европската иднина на земјата, со глас за Европа во македонското Собрание можеме да станеме земја-членка на ЕУ до 2030 година. Имаме одговорност пред иднинте генерации, рече Спасовски, се вели во соопштението од СДСМ.

Спасовски нагласи дека сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица и тоа мора да му го соопштат на народот, сега не е време за бегање од одговори, менување на ставовите и ширење невистини и шпекулации.

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и претседателот на градската организација Васко Кичевски денеска во рамки на „Рамо до рамо, до победа“ беа со граѓаните на општина Кисела Вода.

На маалска средба потпретседателот Богоев рече дека земјава е пред историска шанса за продолжување на европскиот пат која треба да се искористи, потенцирајќи ги придобивките од членството во Унијата.

-Членство во ЕУ не значи само европски вредности и пристап до фондови. Значи подобро образование, здравство, подобар животен стандард, нови шанси за младите. Македонските компании би имале пристап до пазар од 400 милиони жители, повеќе приходи, повеќе работни места и повисоки плати, рече Богоев, се вели во соопштението од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.