Сосема неочекувано, власта се реши да го повлече од собраниска процедура предлог Законот за рестриктивни мерки.Официјалното образложение е дека е од администативни причини.

Но, пратеници за „Република“ коментираат дека вистинската причина е критиките од јавноста и од експертската јавност дека со него се кршат десетина други закони и оти е спротивен со Уставот.

Причина за повлекувањето е доколку се донесе овој закон први на кои ќе треба да се примени се функционери на ДУИ кои се или се следни да бидат ставени на американската црна листа.

Со измените на Законот за рестриктивни мерки американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.

Овој закон предвидуваше Овие закони предвидуваат воведување црни листи и  одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството.

Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот  и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.