Оваа кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана кон понуда, планот за излез од кризата. Обидот на СДСМ, пак, за водење црна кампања, измислување и фалсификување на документи е показател дека немаат сериозна програма, ниту еден резултат и успех, порача вечерва пред Владата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски збориваше и за актиелната наводна афера, со која СДСМ се обиде да го извалка името на опозициската партија, но и на медиумите.
Светлото е секогаш посилно од темнината. На народот му треба наддеж, проекти, понуда за подобар живот. Гледаме од власта дека имаат понуда на фалсификувани листови хартија, непостоечки записници кои изобилуваат со детски грешки, многу невистини. Изворот на таквите вести е еден балкански мешетар и контрактор со потекло од Израел, кој скапо го платиле со украдените пари на народот. Тој е познат по таквите измислувања и фалсификувања и лажни вести. Ова го кажувам за да не наседне народот ниту медиумите на ваквите лаги, и го кажувам ова за да знае и Ковачевски дека истиот човек пред да отиде кај него, беше кај мене и ми понуди да прави фалсификати документи за власта кои ќе ги продаваме во јавноста за големи скандали. Јас во политиката влегов да поправам, а не расипувам работи или терам црни кампања. Така силно го избркав од мојата канцеларија што го промаши и излезот од просторијата. Но еве гледам си нашол тезга во СДСМ и кај Ковачевски и така среќно си фалсификуваат документи и наводни записници. Но еве да не остане кажано, ниту Ковачевски ниту Пендаровски нема да бидат државни службеници, а фалсификување е кривично дело, рече Мицкоски.
Тој ги уверува граѓаните дека е свесен за големината на предизвиците, која е еднаква на слабоста на сегашните политичари. Свесен дека сите граѓани на Македонија, без разлика на партиска, верска, етничка припадност се гладни за нови идеи, за нова политичка енергија, за едно ново водство кое ќе ја промени реалноста во која се живее, тој порача дека Македонија повторно ќе работи, Македонија повторно ќе напредува, во Македонија повторно ќе има правда, Македонија ќе се развива, ќе просперира… Македонија повторно ќе биде на нејзните граѓани.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред илјадниците луѓе дојдени да ја поддржат кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателка на МАкедонија, професорката Гордана Силјановска Давкова, рече дека не можеме да си дозволи лежерност и спокојно да ја чека победата.
Не! Мора да ја заслужиме власта, мора да знаеме дека се бараат брзи резултати од нас, зашто предолго овие генерации чекаа нешто да се подобри, а завршуваа со разочарувања. Премногу време е изгубено. А заслужената власт значи одговорна власт. Нема запирање. Не сега. Не кога толку е блиску победата и кога промените се на дофат на народот. Ни еден ден, ни еден час, ни една секунда одмор не смее да има. Борбата наша допрва почнува. Борба да се докажеме, борба да работиме за народот, и да ја оправдаме неговата доверба. Ве замолувам, барам од вас, донесете ги промените, тие се во ваши раце.И нема ништо што е недостижно, шансата е ваша и на дофат. Бидете дел од овие промени. Знам дека ќе има таков бран, дека такви промени се возможни затоа што го гледам тоа целиот овој изминат период. На народот му е доста од измами, доста од безредието, доста е од хаосот и корупцијата. Овој народ се спротивставувал секогаш во тешки моменти. Секогаш знаел да се избори за своето. Имам привилегија да ја видам таа желба за промени од редиците во продавниците, до редиците за вадење пасоши, до редиците по болниците, по халите од фабриките, во канцелариите на бизнисмените, по училиштата, факултетите, улиците, насекаде. Јаснооо е, промените доаѓаат. Народот си го бара своето. И сака да си ја врати државата во свои раце, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.