ополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Штип каде што оствари средба со младите земјоделци и со ловџиите од овој регион.

Во наредниот период, по формирањето на новата Влада ќе следи едно рестартирање на ловството во Република Македонија, затоа што најголем дел од ловиштата ширум Република Македонија не се поделени, односно се чека завршување на изборниот процес и она што секаде го разговараме со ловџиите е дека после завршување на изборниот процес ќе се дополни постоечкиот закон за ловство. – изјави Трипуновски.

Дополнувањето на законот би се извршило заради актуелното нефункционирање и заради големиот број на забелешки од страна на ловџиите ширум Република Македонија.

Ширум Република Македонија актуелната власт ја користи ситуацијата во делот на ловството за да се прави повеќе бизнис и се помалку вистинските ловџии да уживаат во овој спорт, затоа даваме едно цврсто ветување дека во целата држава ќе имаме ставање под контрола на целиот овој процес. За нас и во нашата програма ловството зазема битен сегмент покрај останатите земјоделски проекти програми коишто ги имаме, заврши Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.