Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење за граѓаните. Нашата интенција беше да помогнеме затоа што видовме дека локалната самоуправа не успеа да го изменаџира процесот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по вчерашното излегување на Струмица од ЗЕЛС.
Од Општината Стримица вчера обвинија за индиферентен однос кон градот и нејзините граѓани во периодот кога се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење и поради одбивањето на единствениот проект од Струмица за користење на средства од унгарскиот кредит.
Трипуновски вели дека во целата ситуација нема никаква политика од страна на Владата и дека единствената интенција на Министерството била да и се помогне на општината за надминување на проблемот со водата за пиење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.