Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната трибина во организација на партијата, насловена „Современи политики за развој на земјоделството истакна дека земјоделството во државата е носечки столб на македонската економија, меѓутоа поради погрешните политики на владата на СДС и ДУИ, Македонија е речиси комплетно увозно зависна од храна.

Земјоделството е носечки столб на нашата економија, меѓутоа изминатите 6 години откако СДС е на власт, гледаме дека секојдневно и се случува скандал, погрешна политика која што денеска Македонија ја донесе во една незавидна ситуација да бидеме речиси комплетно увозно зависни од храна, рече тој.

 

рипуновски го посочи последниот мега скандал поврзан со увоз на зеленчук од Албанија со пестициди и тешки метали, укажувајќи дека наместо Николовски и Бабовски да си поднесат оставки, тие обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е креатор на лажни вести.

Изминатите денови објавив скандал кој што се однесува на увоз на зеленчук од Албанија. Кој што е загаден со пестициди, тешки метали. Она што не изненадува е тоа што наместо власта да признае за овој голем пропуст се обидува со бледи соопштенија да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е креатор на лажни вести. Меѓутоа аргументите и фактите се на наша страна, додаде тој.

Трупуновски вели дека земјоделските изминатите 6 години се соочуваат со доцнење односно неисплаќање на субвенциите, злоупотреба на партиска основа, пропусти во делот на водоснабдување на земјоделските површини, злоупотреба на земјоделското земјиште и најгорливиот проблем откуп и пласман на земјоделските производи.

Земјоделските производи завршуваа на буниште, односно земјоделците не можеа да го продадат својот род и беа доведени до ситуација да се соочат со проблеми на егзистенцијата. И тука се сите, лозарите, тутунарите, оризопроизводителите, сточарите, млекарите. Така што нема гранка која што не е уназадена, нагласи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.