Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од овие 50 останати не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме, информира на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Има ситуација и со наши граѓани – транспортери кои се на границата помеѓу Украина и Полска кои носат роба од Русија, рече Османи и додаде дека поради воениот конфликт кој се случува додека се тие во Украина, украинските власти не ги пуштаат заради тоа што имаат руски продукти во нивните камиони.

Тие, информира Османи, се на безбедно, сами можат да излезат лично, меѓутоа не можат да излезат со нивните камиони, односно со стоката.

Комуницираме со нив, се јавуваат и коморите, неколку дена се во нивните камиони. Комунициравме ние и со украинските власти коишто имаат многу други приоритети сега отколку оваа наша ситуација во која што се наоѓаме, нашиот амбасадор од Варшава замина на самиот граничен премин, се виде со овие транспортери да се обиде да помогне, меѓутоа тоа тешко оди – украинските власти не пуштаат продукти коишто се дојдени од Русија. Продолжуваме со активности и за овие луѓе коишто не се во безбеден ризик, меѓутоа тука се работи повеќе за економски последици што би ги претрпеле они заради тоа што камионите не ги пуштаат, рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.