Од 2017 наваму платите за просветните работници постојано растат,  вели Јована Тренчевска, министерката за труд и социјална политика во Студио 10 на ТВ24.

Во 2017 платата на воспитувач била 18.300, денес во февруари платата е 26.574 денари. За негувател сега платата е 19.560 денари, а во 2017 година негувателот земал плата 14.493 денари – вели таа.

Тренчевска појаснува дека платата е покачена за околу 21%, а техничкиот персонал добил покачување и немал пониска плата од 18.000 денари.

Во однос на генералниот штрајк кој се одвива денес кој го организира СОНК поради незголемувањето на платите на вработените во образованието вели дека генерално нема проблем во најголем дел од градинките.

Најголем дел од детските градинки работат и ги згрижуваат децата, мал дел градинки во Гази Баба, во Бутел и една градинка во Карпош штрајкуваат, не ги примиле децата.. Едно од барањата е усогласување на колективниот договор со минималната плата и покачување на платите на воспитувачите и негувателите за 18,4%. На состаноците се разговараше само за усогласувањето на платите со минималната плата – завршува Тренчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.