Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Македонската банкарска асоцијација-Скопје,  на која разговараа за досегашната и идна соработка меѓу министерството и банкарскиот сектор.

На почетокот на пандемијата предизвикана од Ковид 19, со цел спречување на ширење на вирусот, со Заклучок на Владата на РСМ,  беше однесена одлука, за предвремена и етапна исплата на пензиите, на крајот на месецот, за пензии кои се однесуваат на тековниот месец.

На средбата се потврди добро воспоставената соработка, со заклучок дека таа ќе продолжи и понатаму односно дека пензиите и во иднина ќе продолжат да се исплаќаат предвремено, на крајот на месецот.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за пензионерите е приоритет. Потврда за тоа е воспоставувањето на новата методологија за усогласување  на пензиите на долг рок, со која пензиите ќе растат во континуитет,  како и финансиската помош од 3000 денари за три месеци. Тоа значи и подигнување на животниот стандард на нашите највозрасни граѓани во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.