Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека е доволно да се споредат три бази од УЈП, Катастар и Централен регистар, и да се види кои лица имаат несразмерни параметри. Тој најви дека владата на ВМРО-ДПМНЕ има намера да се занимава со ова.

„Не треба црна листа, треба само три бази на податоци да се споредат: УЈП, Катастар и Централен регистар, и ќе видите кои се лицата во Македонија кои имаат несразмерни параметри. Еве јас ќе се земам за пример. Ако јас сум заработил 100 парички, а мојот имот е 10.000 парички, нормално е некој да ме праша како сум го заработил тоа. Вие можеби сте наследиле од некој богат вујко. А, јас зборам за сите граѓани, и затоа велам идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се занимава со сето ова, и јас и моето семејство сакам да бидеме први. Еве, од нас нека почнат“, рече синоќа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.