Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Брисел се сретна со Сигрид Бретел, Раководител на одделението за Македонија и Албанија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) и Валентина Суперти, директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

Се заблагодарив за континуираната поддршка и одличната соработка која ја имаме со европските институции и честитав за стартот на преговори на нашиот сосед Албанија со Европската Унија, но истовремено упатив жалење што Македoнија повторно остана надвор од европскиот пат и не ги продолжува преговорите за членство во ЕУ, кажа Трајков.

По средбата заменик минисерката истакна дека ова ни дава дополнителен мотив да работиме забрзано и посветено.

Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел, продолжуваме по европскиот пат, затоа што македонските граѓаните заслужуваат подобра иднина, изјави Трајков.

ЗМЕП Трајков е во дводневна работна посета на Брисел.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.