Новата власт има политички и институционални капацитети да спречи меѓуетнички конфликти од пошироки размери, вели во интервју за неделникот „Фокус“ актуелниот национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов.
Законот за јазиците и балансерот сами по себе се наметнуваат како тригер за некое проблематично сценарио. Дали владата има капацитет овие горчливи прашања да ги реши без поголема ескалација?
Едни од клучните прашања е јазикот, кој треба да биде средство за разбирање, а не основа за манипулации и конфликти. Во Законот за јазиците има решенија што треба да се усогласат со меѓународните конвенции и Уставот на Македонија, посебно околу меѓународната употреба.
„Бадентер“, „Балансерот“, партизацијата и корупцијата, станаа вредносни категории, ги разнебитија институциите и државата ја доведоа во колапс. Водството на ДУИ мошне умешно ги користеше етничките механизми и алчноста за власт на партиите од мнозинскиот народ, сѐ до последните парламентарни избори. ДУИ е во опозиција и тоа треба да ги прифати.
Сепак, ДУИ не се помирува со тоа и најави битка за легитимитетот. Што мислите за правилото „победник со победник“?
Нема ниту уставна, ниту законска основа, ниту, пак, решенија во Охридскиот рамковен договор на кои се повикува влада да се формира „победник со победник“, односно ДУИ да биде дел од власта, и покрај тоа што на изборите беше во коалиција со партии што ги застапуваат интересите на други етнички заедници. ВЛЕН е составена од четири албански партии и е легитимен претставник во власта.
Тоа што се случи по конфликтот, паравоена формација да се трансформира во партија и да владее 20 години е историски преседан и најавите дека тоа може да се повтори е луда идеја.
За тоа дека има такво сценарио за дестабилизација на Македонија има предупредувања од познавачи на состојбите во ДУИ од Албанија и Косово, но и од други држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.