Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Будимпешта, Унгарија учествува на 7. Министерска конференција во рамки на Будимпештанскиот процес, на која земјите членки го усвоија Планот за акција 2025-2030 кој во себе содржи шест приоритетни цели како спречување на нерегуларна миграција и борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе и зајакнување на соработката во областа на граничното управување.

Во своето обраќање министерот истакнал дека е поборник за регионална, мултилатерална, па и интерконтинентална соработка во секоја област.

Исто така посочив дека земјите треба да бидат целосно јасни во својата миграциска политика – или ќе имаат отворени граници без никакви рестрикции или ќе стават јасно до знаење кои се условите за престој во нивните земји. 
Верувам дека Будимпештанскиот процес ќе продолжи да расте со пристап заснован на почитување на човековите права, со заштита на ранливите лица и спречување на расизам, дискриминација и ксенофобија, а нерегуларната миграција ќе биде една тема од минатото и во иднина ќе зборуваме во контекст на успехот што сме го постигнале во нејзино сузбивање, соопшти Тошковски.

Во рамки на конференцијата министерот оствари и билатерална средба со државниот секретар на Државниот секретаријат за миграција на Швајцарија Кристин Шранер Бургенер.

Како што посочи, на средбата била разгледана досегашната успешна соработка помеѓу МВР и министерството за правда и полиција на Швајцација, во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица.

Врз основа на потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу Швајцарскиот федерален совет и нашата влада за воспоставување на партнерство за миграција се разговараше за идните чекори во регулирање на аспекти како реадмисија на државјани, лица без државјанство и државјани на трети земји, соопшти Тошковски.

Билатерална средба одржана е и со министерот за внатрешни работи на Пакистан, Сајед Мохсин Раза Накви, која историски е прва средба на министри за внатрешни работи на Пакистан и Македонија и прва средба со министер на земја на потекло на мигранти.

На средбата ги договоривме следните чекори за потпишување на договор за реадмисија што е посебно важно бидејќи Пакистан е земја на потекло на миграцијата. На официјална покана од министерот Накви делегација на МВР во следниот период да го посети Пакистан со цел институционално регулирање на борбата со нелегалната миграција.

Исто така, на маргините на конфренцијата Тошковски имал краток разговор и со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја со кој договорија средба која би се одржала во Анкара во текот на месец декември, во насока на зајакнување на досегашната успешна соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.