Денеска во Владата се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО, прва со новиот владин состав.
Со седницата претседаваше претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицковски, сите членови на советот и амбасадорите на земјите членки на НАТО. На средбата беше потенцирана важноста на нашето членство во најголемиот безбедносен сојуз на светот, силната меѓуинституционална координација во рамките на Владата по сите значајни прашања поврзани со агендата на НАТО и континуираната реализација на нашите обврски поврзани со Алијансата.
Советот ќе има редовни седници со цел континуирано следење и реагирање на сите состојби, процеси и потреби на Алијансата, во согласност со обврските кои произлегуваат од нашиот статус на полноправен член на НАТО, објави министерот за внатрешни работи Панче Ташковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.