Во изминатиот период во повеќе наврати говорев за достапноста на дрогата по нашите улици и градови која во последните неколку години достигна алармантно ниво, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и во тој контекст нема да застанеме се додека и последната улица не биде исчистена од ова зло. На оперативно ниво дадени се насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира. Само во овие два дена полицијата во низа оперативни акции во неколку градови приведе повеќе лица за трговија со дрога. Апсење во Чаир и Кочани, претреси на повеќе локации низ државата. Пронајдени се марихуана, бела прашкаста материја, пари, дигитални ваги. Случаите се расчистуваат и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци, истакна Тошковски.

Во оваа прилика сакам уште еднаш да потенцирам дека нема да има пардон за секој кој се занимава со таков криминал или било кој вид на криминал. Законот мора да важи еднакво за сите, додава тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.