Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работи средба со амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Денион Мејдани.
Како што информираат од МВР, на средбата е потенцирана досегашната соработка на двете држави и министерствата за внатрешни работи, при што заеднички е констатирано дека таа се одвива на исклучително високо ниво, верификувана преку бројните билатерални договори од областа на безбедноста. Посебен акцент на средбата беше ставено на целосното профункционирање на заедничката контрола на граничниот премин Ќафасан.
На средбата со амбасадорот на Швајцарската конфедерација Н.Е. Вероник Хулман тема на разговор била добрата соработка, со надеж дека истата ќе се продлабочи и продолжи во иднина, особено соработката со ДКАФ која е од посебна важност. Министерот Тошковски ја истакнал поддршката од меѓународните пријатели како секогаш e добредојдена и особено важна во справувањето со секојдневните предизвици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.