Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со заменик амбасадорот на Кралството Шведска Биби Грамсон.

На средбата Тошковски ја потенцира улогата која ја има министерството за внатрешни работи во насока на спроведувањето на изборите процеси кои ни претстојат, како и правата и обврските кои ги има како министер во оваа техничка Влада, кои секако имаат цел за организирање фер и демократски избори.

Заменик амбасадорот Грамсон ја истакна добрата соработка со македонската полиција, а нејзиниот тим го претстави проектот за Шведската поддршка на полициските реформи кој ќе го спроведува „СИДА“ Шведската меѓународна агенција за развојна соработка.

На крајот од средбата, министерот се заблагодари за досегашната поддршка на македонската полиција и изјави дека стои на располагање за сите потреби за тековно спроведување на предвидениот проект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.