Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски работната посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати ја искористи за средба со претседателот на Интерпол Ахмед Насер Ал-Раиси.
Како што соопштуваат од МВР, на средбата се разговарало за поефикасно користење на базите на податоци на Интерпол со цел поефикасна борба со транснационалниот криминал во сите негови облици, поддршка на прекуграничните заеднички истраги и континуираност на обуките.
Со претседателот Раиси се сложивме дека заедничка е одговорноста за сериозен пристап во полициското делување и подготвеноста за справување со сите идни предизвици. Изминатите 30 години, преку членство во најголемата светска полициска организација, се сведоштво на нашата посветеност и подготвеност за активна глобална полициска соработка и борба против криминалот и корупцијата, потенцираше министерот Тошковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.