Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари билатерална средба со неговиот австриски колега, Герхард Карнер, на маргините на Министерската конференција на Салцбуршкиот форум што се одржува во Австрија.

Како што соопштија од МВР, на средбата, Карнер му го честитал назначувањето на Тошковски, истакнувајќи ја важноста на традиционално добрите односи меѓу двете држави.

Министрите се согласија за продолжување и зајакнување на соработката, особено во заедничкото справување со миграциските текови и борбата против илегалната миграција и криумчарењето на мигранти. Оваа соработка е од суштинско значење за одржување на стабилноста и безбедноста во регионот, како и за ефективното управување со предизвиците што произлегуваат од миграциските кризи, информира МВР.

Министерот Тошковски изразил благодарност за помошта и поддршката што сојузното министерство ја дава на нашата држава. Посебно го истакнал значењето на претходниот билатерален договор и заедничките операции со Фронтекс, кои, како што навел, значително придонесуваат за подобрување на безбедносната состојба и ефикасното справување со имиграционите предизвици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.