Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе го посети пунктот за промена на лични документи „Пролет“ во Скопје.
По посетата најавена е изјава на министерот Тошковски.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и во законскиот рок од 15 дена.
– Нередот којшто беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамки на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните исправи и другите лични документи. Од информациите што ги добивам од МВР некаде околу 1.740 патни исправи се издадени, околу 1.440 лични карти и околу 750.000 возачки дозволи така што нема повеќе турканици, неред, понижување на македонските граѓани, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.