Со денови СДСМ поддржани од своите коалициони партнери ДУИ го туркаат наративот дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не може да учествува во техничката влада, ако не го гласаат досегашниот претседател на собраниет Талат Џафери за премиер или за составот на таа влада. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, објаснуваат дека тие имаат целосно право на тоа само да предложат министри и заменици согласно Законот за техничка влада, без да го гласаат Џафери.
Правото не познава предлози за министри со „празно место”, Влада не се гласа поединечно, туку во целина, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Неизбраниот премиер Димитар Ковачевски, кој по две години владеење се очекува во четврток да ја поднесе својата оставка, вели дека ако веќе се учествува во влада таа влада треба да се поддржи.
Во светот не постои искуство и пример да политичка партија учествува во влада а да не ја поддржи таа влада, рече Ковачевски.
Но, во вчерашната „Топ тема“, каде претставник на СДСМ беше пратеничката Даниела Колева, водителот ја потсети дека СДСМ беше првата партија која не ја поддржа владата во која учествуваа.
2016 година, владата на Емил Димитриев е избрана со 72 гласа „за“ и 9 „воздржани“. Техничките министри за внатрешни работи и труд и социјала, Оливер Спасовски и Фросина Ременски, воопшто не присуствуваат на седницата, цела пратеничка група ја напушта седницата, а овие министри даваат заклетва по три дена, потсети водителот Боби Христов.
Факт е, додаде, дека вие сте таа прва партија што не гласала за своите кандидати.
Погодете кој нобеловец може да му смести ваква генијална муртинка на Мали Џокица за време на ручекот, вели твитерџијата Плпс, алудирајќи на неколкучасовниот ручек кој Ковачевски неодамна го имаше со Али Ахмети и Зоран Заев.
Погодете кој нобеловец може да му смести ваква генијална муртинка на Мали Џокица за време на ручекот 🤣🤣 pic.twitter.com/Aj3B22Rp0W
— p|ps 👌 (@m0rban) January 23, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.