Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, изјави дека во изминатите шес недели се спровела акциjата под мотото „Ова е Македонија за сите“.

Томовски додаде дека над 200 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, организирани во 19 тимови, посетиле вкупно 709 населени места во државата и тоа од најразлични краеви, почнувајќи од големите населени места па се до најмалку населените.

Ова беше најопсежната теренска акција на ВМРО-ДПМНЕ во која се направени 6.428 извештаи, нотирани се 18.324 проблеми.

 

Во Македонија народот не сака уставни измени под бугарски диктат, не сака газење на националното достоинство, но народот највеќе сака да дојде крај на сиромаштијата, крај на корупцијата и криминалот.

 

Генералниот заклучок е дека најголемата грижа на граѓаните е тешкиот живот, инфлацијата, несигурноста и неизвесноста за иднината. Народот е револтиран зошто е заборавен од власта, затоа што владата не ги слуша проблемите на народот.

 

Зборувавме со илјадници граѓани, беа забележани многу проблеми, а решенијата за сето ова ќе бидат дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Покажавме и докажавме дека секогаш сме и ќе бидеме дел од народот и дека имаме капацитет да ги промениме работите.

 

Имавме во овој период и 12 големи трибини во 12 различни градови. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има капацитет да ја води Македонија и да обезбеди иднина.

 

Благодариме за одличниот прием од граѓаните, за подадената рака, за отворените домови.

 

Продолжуваме понатаму, заедно до промените.

 

Ова е Македонија, Македонија за сите, наведе Томовски, во своето обраќање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.