На министерот за правда Кренал Лога му е мило што бизнисменот Орце Камчев се најде на „црната листа“ на САД. Во одговор на новинарско прашање за овој случај, Лога вели дека Камчев бил еден од главните спонзори за уништување на Специјалното јавно обвинителство, но и за многу други проблеми што се случувале во државата.

Она што му се случи на господинот Камчев беше очекувано, но, всушност, правосудните органи во Македонија не го гледаат тоа, господинот Камчев е еден од главните спонзори за уништување на СЈО и неговото име се поврзува со многу други проблеми во државата денес. Мило ми е што се најде на ‘црната листа’ на САД, но многу ми е жал за судскиот систем во Македонија, не го видоа и продолжуваат да не го гледаат на начин на кој очекува обичниот граѓанин – изјави Лога при денешната посета на Боговиње.

Камчев е на „црната листа“ на САД како дел од поединци и субјекти за кои американските власти сметаат дека ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.