Професорката Катерина Тодороска во интервјуто за „Република„ ја коментира изјавата на првиот човек на македонскиот дел од заедничката мешовита македонско-бугарска комисија, Драги Ѓоргиев, дека не е работа на комисијата да каже дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец и дали воопшто верува во овие негови зборови, Тодороска настапува сосема искрено.

-Бидејќи многу добро го познавам Драги Ѓоргиев, нему не му верувам дури кога молчи, а камо ли, пак, кога зборува. Така што, дали тие си зеле некоја обврска, дали со тие силни евра со кои што се платени им е врзана устата, па не смеат да изговорат дека е Македонец, тоа е негова работа. Меѓутоа, неговиот збор за мене, не зборувам општо, не вреди колку снегот од пред две години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.