Бројни и документирани се страдањата на Македонците во Бугарија и нивното казнување со затворски казни само затоа што се чувствувале Македонци, пишува проф.д-р Катерина Тодороска, од Институтот за национална историја, додавајќи дека при тоа, лагите и монтирањето на обвиненија, било секојдневна пракса на бугарските власти.
Една таква судбина раскажуваат и документите на Стојан Герасимов, кои професорката ги споделува.
Во неговите материјали пишува дека лицето Стојан Герасимов Василев е Бугарин, ама бил иселен “во врска со, од него развиваната национална дејност по македонското прашање”.
Дополнително е интересен делот од документот во кој се вели дека „За таа дејност… е осуден на осум месеци лишување од слобода, додека на делото е даден криминален карактер за кражба на машина за пишување”. Секако, за “докажување на делото” бугарските служби изготвиле и Албум за „злоделото”.
Што повеќе да се каже за „европските вредности” на Европејска Бугарија, која сѐ прпела во сопствената тиња, вели Тодороска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.