Долгогодишниот претседател на НСДП и екс претседател на Собранието, Тито Петковски го искоментира предлогот за премиер Албанец.

Тој се надева дека вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ќе биде на таа позиција.

„„Читам: „Да!Тој доаѓа” е новиот слоган на ДУИ со кој се најавува првиот премиер Албанец. Се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи, заменик на Премиерот за економски прашања. Покомпетентен, постручен, поспособен и поодговорен член на Владата, во овој момент не постои. Освен тоа Албанец е по етничка припадност. Токму онаков каков што бара ДУИ!”, напиша Петковски на Фејсбук.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, деновиве најави дека набргу Албанец ќе биде премиер во земјава, а првиот вицепремиер Артан Груби објасни дека со договорот што е постигнат меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев во последните 100 дена од мандатот на Владата, функцијата ќе ја извршува Албанец.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека СДСМ не бега од коалициските договори, ќе има технички премиер Албанец сто дена пред избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.