Очекуваме деновиве и други помесни православни цркви да го признаат автокефалниот статус на македонската православна црква – Охридска архиепископија, а еден ден тоа да го направи и Вселенската патријаршија, вели во интервју за тв 24 владиката Тимотеј.
За најавите од бугарската православна црква дека ќе иницираат сеправославен собор за името на МПЦ, митрополитот дебарско кичевски вели дека таков собор тешко да се одржи дури кога би го побарала некоја од повлијателните цркви и дека бпц го кажала тоа колку да се каже нешто. Интервјуто со владиката Тимотеј во кое открива детали од процесот на признавање на МПЦ, но и за тоа дека планира повлекување од портпаролската позиција во синодот, во емисијата „Аргумент плус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.