Министерството за здравство донесе одлука за нивелизација на цените на здравствените услуги во РМ, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија. Според министерот за здравство, Фатмир Меџити, тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција, објави ТВ 21.

Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион – изјавил Меџити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.