Тетовскиот алпинист Надир Мурсели од турскиот град Кахраманмараш ни испрати информација и фотографија за неверојатното спасување на преживеано десетгодишно девојче кое дури седум дена било под урнатитите. Тој сам замина во Турција каде се приклучи на спасувачи од Босна и Херцеговина. Оваа екипа заедно со турскиот тим АФАД успеале да го извадат преживеаното девојче.

Околу 13 часот само што го извадивме девојчето Ирмак, голема радост имавме тука. Откога се слушна глас, три-четири часа работевме за да ја извадиме од урнатините. Големо чудо е како преживеала. Таа беше седум дена под урнатините, а зградата приближно е седум-осум ката, информира 45-годишниот Мурсели од Тетово.

Тој од 9 февруари е во подрачјата погодени од земјотресот во Турција, поточно во Кахраманмараш, на југоистокот од земјата.  Мурсели сам тргна од Тетово со автобус до Истанбул каде негова внука и зет се ангажирале да продолжи кон градовите погодени од земјотресот.  До Адана заминал со авион и потоа со други тимови на спасувачи со автобус од Адана четири часа патувале до Кахраманмараш.   Тетовскиот алпинист течно зборува турски јазик, па на екипата од Босна и Херцеговина, освен во пребарувањето урнатини, им помогнал и со преведување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.