Тетовскиот градоначалник, Билал Касами, денес ја пречека косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу, пришто и подари „клуч од градот“.
Тетово отсега е дом на претседателката, порача Касами.
Тетово како главен центар на Албанците од Македонија бил точка на обединување на Албанците, и во Косово и во Македонија и во рамки на поранешна Југославија каде секое добро и лошо го делевме заедно. Со посетата на претседателот на Собранието, Премиерот и Претседателот на новата држава Косово се покажува почитта на косовските институции кон тетовци и Албанците од Македонија – додаде Касами.
Османи пак на Касами му подари карта на Косово со камен од Трепча.
Тетово е од големо значење за нашата заедничка историја, дом на многу интелектуални дејци кои придонеле во односите меѓу Албанците во Косово и Албанците во Македонија, создавајќи исклучително силна врска која се одразува и на пријателските и семејни релации во Тетово и сите наши општини, еден од интелектуалците кој остави трага е и Арбен Џафери кому постхумно го одликуваше со орденот Хасан Приштина – рече Вјоса Османи.
Транспарент и билборди со „Добредојде госпоѓо претседателке“, напишани само на албански јазик, постави локалната самоуправа по повод денешната посета на Вјоса Османи-Садриу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.