Матуранти, во група на апликацијата „Вибер“ си ги разменувале одговорите на матурскиот тест по англиски јазик.
По информациите во јавноста, со коментар се огласи Државниот испитен центар.
Од тука велат дека тестовите не биле пробиени, туку прашањата биле споделени откога испитот започнал.
„Тестот не е пробиен, туку споделен“, велат од испитниот центар образложувајќи дека тестирањето почнало во 10 часот, а потоа во рамките на Вибер групите од страна на членовите биле објавувани прашањата кога почнала реализацијата на испитот, пишува Макфакс.
Најавуваат дека ќе постапат согласно законските надлежности со сите матуранти што ги нарушиле правилата.
Денеска се полага вториот екстерен испит, а според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.