Ако живеете во Скопје и имате потреба од Ехо на дојка во државна болница првиот слободен термин е наредната недела, но мора да одите во Македонски Брод, објавува „Сител“. Во иста ситуација се и пациентките од останатите градови. За вакво снимање на Радиологија на Клинички болни од рак мора да чекаат повеќе од еден месец или да си платат во приватна установа, но не секој може да си го дозволи тоа.

-Оперирана сум од рак, но имам болка под градата и на ехо не можат да ми најдат термин, треба да се чека 1 месец, вели пациентка со карцином.

-Најмалку месец дена се чека, но оваа болест не чека, вели друга пациентка.

Од Радиологија пак тврдат дека тешко болните пациенти имаат приоритет за потребните снимања.

Целата сторија на „Сител



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.