Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бојкотираат наставата, а родителите протестираат.

Секојдневните протести на родителите станаа тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, која денеска морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.

-Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот и револтот е токму поради тоа зголемен. Единствено што во моментов е официјално барање од нас е директорката да биде сменета. Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остатите за да се најде решение, изјави за ТВ Алфа, Цвета Пешовска, родител.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите, е насилно и незаконски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.