Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан, соопштија од неговиот кабинет.
Честитајќи му за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека именувањето на специјален претставник за Западен Балкан од страна на премиерот Борис Џонсон е јасна потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.
Во разговорот, беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици во регионот, како и за штетните последици од високата корупција и организираниот криминал врз економскиот и демократскиот развој на регионот.
Специјалниот претставник Пич најави скорешна посета на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.