Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес попладне оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспар Велдкамп. Главна тема на разговорот беше евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи.

Фокусот беше на реформите во правосудниот систем, кои се клучни за владеењето на правото и зајакнување на институциите. Министрите Муцунски и Велдкамп нагласија дека успешната реализација на овие реформи е суштинска за постигнување на европските стандарди и напредокот на нашата држава во ЕУ.

Двете страни потврдија дека борбата против корупцијата останува главен приоритет за нашата земја. Тие го истакнаа значењето на овој предизвик за градење доверба и стабилност во регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.