„ТАВ Македонија“ ја споделува следнава изјава по дојавите за бомби на скопскиот аеродром.
Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред, соопштија од „ТАВ Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.