Коле Спирковски таткото на Јане Ченто откри дека  дека неговиот син добил понуда лажно да сведочи во замена за полесна казна.

Кога беше во притвор во Шутка, во ќелијата во која што бил од власта лица се дојдени кај него, му рекле, ќе зборуваш како што ќе ти кажеме и ќе бидеш ослободен од обвиненија. Кога слушнал Јане, рекол дека не сака никакви такви работи. Им рекол, не сакам да ве видам веќе, јас не сакам никој да не земам на душа што не направил ништо, вели татко му, но додава дека обвинителството нашло лажни сведоци кои ги наклеветиле учесниците, меѓу кои и Јане. Тој посочува снимки на кои се гледа дека Јане Ченто оди кон Собранието подоцна од другите учесници, но е сепак осуден за наводно предводење на демонстрантите.

На Јане му се случи тоа што му се случи и на неговиот прадедо. Тој се бореше да се сплоти македонскиот народ, да одиме напред како држава. Генот му е таков, живеел со тоа нешто, со тие идеали за доброто на секој граѓанин на Република Македонија, вели Коле Спирковски за „Алфа“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.