Во Собранието, пратениците ги изгласаа новите членови и претседател на Државна комисија за спречување на корупцијата(ДКСК). За претседател на антикорупциска е назначена Татјана Димитровска која ќе ја замени Билјана Ивановска.
Пратениците со 97 гласа „за“ ги изгласаа Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаили, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски за нови членови на ДКСК.
Новата комисија треба да почне да започне со работа на 8 февруари.
За претседател и членови на ДКСК, беа пријавени 41 кандидат кои на 23, 24 и 25 ноември беа испрашувани од Комисијата за избор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.