Актерот Сашо Тасевски го сподели својот став на фејсбук за инцидентот кој се случи синоќа во Слупчане, кога жителите не им дозволија на екипите на ЕВН да влезат во селото.

Не можеш држава да изградиш со такви групи кои плаќањето струја што ја користеле го доживуваат како како атак на нивното село или племе. Како чин на етничка агресија и нивна дискриминација. Не можеш, вели Тасевски.

Тасевски раскажува дека еден негов сосед, кој работел во ЕВН, едвај спасил „жива глава“ поради идентична ситуација.

Еден комшија, во ЕВН работеше, одеше да бара диви приклучоци по овие проевропски супермодерни села и заедници каде плаќањето струја го сметаат за примитивно, беше тепан, навредуван, еднаш едвај жива глава спасил од мештаните кои додека се на печалба во Швајцарија не смеат да плукнат на улица а не да не платат струја. Човеков прво бараше што било да го стават да му намалат и плата само да не го праќаат во овие недопирливи села од законот на оваа недржава. Се разболе од ПТСП синдромот поради траумите по тие села, заканите, се пропи од тие стресовите што ги преживеа. Не е веќе за ништо, иако работи нешто десетто. Ти кажува нешто и одеднаш ќе почне да плаче. А бе каква Европа. Ние сме Европа само географски. Инаку сме деволуирале 20 века. Некои од нас. Ментално сме на ниво на скандинавците од 1 век кога живееле со мечки и мочале по пештери во огнот, додека овде имало цивилизација, објави актерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.