Претседателот на синдикатот на М-НАВ, во вечерашната Топ Тема на Телма вели дека нападот во контролната кула е само почеток на одмотување на клопчето.

-Тоа е почетокот на одмотување на клопчето. Тоа не е настан кој резултира од грешките од вчера или завчера, туку покажува дека целиот овој период погрешно била поставена целата постапка, кој лица биле вработени во службите за обезбедување, каква била нивната задача, дали имале други активности, кога во одреден момемнт се договориле да направат напад врз контролор на летање, но законодавството да си ги одговори овие прашања. Од оние што ги видовме на Телевизија тројца ги препознавме како наши вработени, кои биле другите четири навистина не знам, може да ги видам вака би ги препознал. Од друга страна дали биле вработени кај нас или не тоа ќе мора да прашате некој од раководството. Или сегашниот директор Хасим, кој остана кој е одговорен за секторот за човечки ресурси. Може е некој наш вработен но никогаш не дошол на работа, одговори во вечерашната Топ Тема на Телма Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ.

На прашањето дали е влезено во контролната соба рече дека за тоа треба да одговори истрагата.

Јас не бев таму, од информациите кои ги добив таму имало влечење, туркање, наводно имало одење кон контролната соба. Имало расправии, кои на крај резултирале со удар. Не сум меѓи тие што ги гледал снимките за да анализирам. Знам дека имаше истражни органи кои уште првиот ден ги гледаа снимките и анализираа што се правело, направија и записници и знаат што точно се случувало. Имаше и лица од М-НАВ кои се задолжени во овој дел на безбедносно одделение, тие беа инволвирани во самата постапка на разоткривање на настаните, вели Тасевски.

Според него функционирањете како синдикат било во насока на безбедноста на граѓаните. Се повлекувавме од најавените штрајкови само за граѓаните да не трпат, бидејќи тие се најмалку виновни за состојбата во М-НАВ. Ова не е наша активност која сме ја почнела сега туку години наназад и гледаме чекор по чекор нешто да постигнеме. Факт е дека поради сите пропусти во минатото дојдовме до онаа состојба од пред некој ден, објаснува Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.