Немаше никаква закана од моја страна, убедува Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ по настаните деновиве со со вработените во ова претпријатие по што тој беше повикан на информативен разговор од МВР. Тој за „Сител“ објасни што се случува деновиве а капак на се беше денешниот упад од страни на активисти во ДУИ кои се пресметале со дел од вработените.
Нити имало причина ниту потреба тоа да го направам.Немаат за што па прават притисок да се откажеме.Наместо да не спречат тие направија поголем револт и тоа ќе мора да резултира со оставки од нивните позиции.Покажаа дека не се квалитетни ни како менаџери ни како лица што може да обезбедат безбедност за своите вработени.Менаџментот не застана на одбрана ниту во одбрана на својот вработен ниту на мене кога имав јавни закани по телефон.
Toј смирува дека засега македонските граѓани не треба да се плашат да летаат со авион од скопскиот аеродром и оти треба да се качат слободно во авион.
Да,треба да се качите во авион.Како контролори на летање нема да дозволиме ништо да се случи на ниеден авион и патник.Во првиот момент кога ќе почуствуваме дека како контролори нема да можеме да ги бајпасираме сите оние недостатоци ќе бидеме први кои ќе кажеме СТОП и нема да има летање.Не поради штрајкк туку поради загрозување безбедноста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.