Порака дека нема веќе да се толерираат само зборови, мора да се покаже дека нешто се прави. Мислам дека е така најдобро да ги оцениме, но што ќе излезе како резултат, ќе видиме., вели во разговор за „Локално“, претседателката на Здружението Транспаренси интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева, откако беше најавено дека во земјава доаѓа тим од САД кој што ќе работи на откривање на корупција меѓу бивши и сегашни функционери.
Тасева смета дека мора да се види формата и задачата на тимот.
-Сепак не знаеме во која форма доаѓаат тие специјални тимови и што им е задачата да прават и врз основа на што ќе го прават. Сепак ние сме држава која што има свои закони и јурисдикција и зависи како е тоа замислено, оценува претседателката на Транспаренси, пренесува „Локално.мк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.