Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, е во официјална посета на Соединетите Американски Држави.

Арбен Таравари ќе присуствува на идниот самит на Генералното собрание на ОН, „Мултилатерални решенија за подобро утре“ во Њујорк, на кој ќе присуствуваат лидери од целиот свет.

Се очекува Таравари да има и многубројни средби во Њујорк и Вашингтон со високи претставници на американската држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.