Алијансата за Албанците е подготвена за предвремени избори, некаде во март – април ако има избори, но во овој период на криза треба да бидеме сплотени. Јас инсистирав и претходно на непартиска експертска влада, вели в.д претседателот на партијата Арбен Таравари во неделното интeрвју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

В.Д. претседателот на Алијанса за Албанците на прашањето дали пратениците од неговата партија ќе гласаат за уставните измени, рече дека за една недела „ќе биде објавено интересно барање како услов“ за кое прво ќе се зборува по странските амбасади.

– Ние ќе гласаме начелно меѓутоа ќе имаме услови. Што ќе биде нашиот услов е работа што идната недела ќе ја промовираме прво низ поважните амбасади низ Македонија, ќе кажеме што е нашиот главен услов, нормално вториот услов е од Уставот да се тргне терминот 20 проценти, практично да се користат како службени јазици и македонскиот и албанскиот. Но, првиот услов ќе биде многу интересен – изјави Таравари.

Тој вели дека АА е партија којашто има најголем капацитет за коалицирање.

-Во 2020 со Алтернатива, 2019 исто со БЕСА го поддржавме Блерим Река како независен кандидат, 2021 повторно со Алтернатива бевме на локалните избори, значи имаме капацитети, сме отворени, но пред се не интересира нашата јака структура и да донесеме промена во албанскиот политички блок. И мислам дека кога било да се одржат следните парламентарни избори, АА ќе победи и ќе биде дел од Владата. Ако не, јас би се тргнал дефинитивно од политика, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.