Арбен Таравари од „Вреди“ вечерва во интервју во „Топ тема“ изјави дека после Преспанскиот договор, Грција е најголем поддржувач на Македонија на патот кон ЕУ, пренесе Фактор.мк.
Вели дека тоа не го кажува самиот тој, туку го кажале дипломати. Но, жали што во Бугарија нема стабилна Влада како во Македонија, за да се надмине проблемот и со нив. За реорганизирање на министерствата рече дека имало препораки од меѓународни невладини и дека тоа е легитимно да го направи мандатарот. Вчера се навршија шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.